Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓
Познатиот бразилски фудбалер Роналдињо е пуштен од затвор во Парагвај до неговото судење, а за тоа беше платена кауција од милион ипол евра. Аргентинските медиуми објавија дека Роналдињо нема пари, па сметаат дека парите за кауцијата пристигнале од Барселона.
Веднаш почнаа шпекулациите за тоа кој би можел да биде и многумина се сомневаат дека тоа го направил неговиот поранешен соиграч Лионел Меси или можеби самата Барселона. Ништо тоа не би било чудно, со оглед на тоа дека Роналдињо играше за каталонскиот гигант дури пет години, а Меси и тој беа соиграчи во првиот тим од 2006 до 2008 година.
Ако Роналдињо побегне, тие пари за кауција ќе му припаднат на Парагвај, но Бразилецот нема намера да бега и го чека судењето во луксузен хотел со пет ѕвездички.