Неколку Руси претепале млада НБА-ѕвезда! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Латвискиот кошаркар Кристапс Порцингис бил претепан во неговата татковина, откако сакал да влезе во еден бар, а група на пијани Руси најпрво се скарале со персоналот, кој не сакал да ги пушти внатре, а потоа го нападнале Порцингис.

Наводно, Русите му замериле затоа што се преселил од Њујорк Никс во Далас Маверикс, а потоа се случила физичка пресметка, зашто на видеото може јасно да се види дека на Порцингис му е раскрварена главата, како и скината му е маичката.

„Според информациите кои ги имаме досега Кристапс е нападнат физички пред еден бар во Латвија. Кога ќе имаме нови информации ќе ги објавиме во јавност“, пишува во соопштението на Далас.

Без сомнеж во јавност ќе се појави и руска верзија од пресметката, а можеби наскоро и снимки од сигурносните камери.