„Нема да брзаме со Барди, се надеваме дека нема да има потреба од операција!“

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се повреди на тренингот на Македонија пред мечот против Грузија, поради што ги пропушти и останатите дуели.

Барди има повреда на грбот, но по враќањето во Шпанија се следи неговата состојба и тренерот на Леванте се надева дека нема да има потреба од никаква операција.

„Не можам да кажам многу за повредата на Барди и кога ќе се врати. Има една незгодна повреда, му испративме порака да знае дека сме со него. Денес го започнува процесот на рехабилитација и ќе видиме како ќе оди. Најважно од се да нема потреба од операција, нема да брзаме“, кажа тренерот на Леванте.