„Нема да дозволам Ѓоковиќ против мене да испише историја“


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Полскиот тенисер Хуберт Хуркач нема намера да положи рекет пред Новак Ѓоковиќ во нивното претстојно финале во Женева.

Тие двајца ќе играат за титулата во швајцарскиот град од 15 часот, а во случај на триумф на Ѓоковиќ, тоа би бил неговиот 100. трофеј во кариерата.

„Одлично се чувствувам, полн сум со самодоверба, не сакам Ноле овде против мене да испише историја. Овде ми оди се како што треба, сервисот ме служи одлично“, рече Хуркач.

До сега имаат играно седум пати, а сите седум победи ги има Новак.

„Тоа што го постигна Новак е навистина многу специфично. Целата негова кариера е многу инспиративна. Имавме до сега многу неизвесни мечеви, но тој секогаш победуваше. Ќе видиме како ќе биде сега”, заклучи Ѓоковиќ.

Фото: Grok AI