Нема да остави ништо на случајност: Барселона му нуди единствен договор на Меси


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ пренесува дека од Барселона се подготвени да му понудат доживотен договор на нивниот најдобар фудбалер во историјата, Лионел Меси.

Во медиумите проструи информација дека Аргентинецот има клаузула во последните две години од неговиот договор да си замине без обесштетување, па токму затоа тој во јуни ќе може да си пронајде нов клуб.

Сепак, мали се шансите дека ќе се случи такво нешто, а далеку поголеми се тој да го прифати доживотниот договор со Барселона и да остане во клубот до крајот на кариерата, а потоа можеби и да ги започне тренерските почетоци.

Актуелниот договор на 32 годишниот фудбалер истекува во јуни 2021 година.