Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓународната тениска федерација го прогласи Србинот Новак Ѓоковиќ за најдобар тенисер за 2021 година, а во женска конкуренција наградата ја доби Ешли Барти.
Во соопштението на федерацијата се посочуваат успесите на Ѓоковиќ, кој продолжи да руши рекорди и да испишува историја во тенисот.
„Србинот кој има 34 години зад себе имаше сензационална година и ја заврши на првата позиција, па сега е пред Пит Сампрас со најмногу награди во ИТФ светскиот шампионат“, пишува во соопштението.
Барти беше најдобра во женска конкуренција, откако тенисерката од Австралија освои пет трофеи во 2021 година, од кои најголем е триумфот на Вимблдон.