Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА го казни Ајакс поради однесувањето на навивачите на мечот од Лига Европа против Хетафе во Шпанија.
Иако фудбалскиот свет е во колапс, сепак УЕФА ги наплаќа казните за клубовите. Немало потреба за посебни состаноци, па набрзо одлуката била донесена преку видео-конференција.
Навивачите на Ајакс со запалка го погодија напаѓачот на Хетафе, Дејверсон, а притоа оштетија и столчиња на стадионот, па поради тоа гигантот од Холандија мора да плати 50.000 евра.
Ајакс во вакви ситуации сам реагира, па хулиганите ќе бидат идентификувани и ќе им биде забрането влегување на стадион.