Нема фудбал во Холандија, премиерот најави крај на сезоната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандскиот премиер, Марк Руте денеска потврди дека сите фудбалски активности во оваа земја се забрануваат до 1 септември.

Во Холандија, како и во речиси цела Европа се води жестока борба со коронавирусот, а сите јавни настани, меѓу кои и и фудбалските натпревари се откажани за неопределено време.

Првично во Холандија беше донесена забрана за фудбал до 1. јуни,  а сега забраната се зголемува и истата ќе важи до 1 септември. Тоа значи дека сезоната нема да го дочека својот крај со оглед на фактот што во септември треба да започне новата, 2020/21 сезона.

Сега на потег е фудбалската федерација на Холандија која треба да донесе одлука за шампионот, тимовите кои ќе испаднат и оние кои ќе одат во Европа. Ајакс е лидер на табелата и голема е веројатноста титулата повторно да замине во нивните витрини.