Нема крај на агонијата за Лукас Пакета


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Предолго трае аферата околу фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета, а сега е познато дека тој ќе продолжи да игра фудбал под голем притисок.

Бразилецот ќе ја заврши сезоната во Премиер лигата, без да биде прогласен за виновен од властите.

Офанзивниот играч за врска на „чеканите“ е обвинет дека учествувал во местење натпревари во кои настапувал во дресот на сегашниот клуб, а англиските медиуми пренесуваат дека сослушувањето, кое се чека долго време, е поместено за летото.

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) се сомнева дека Пакета во најмалку четири ситуации добил жолт картон „со намера да влијае врз работењето на обложувалниците“.

Пакета соработува, дозволил на истражителите да имаат увид во неговиот телефон, но сè уште нема навестувања каков би можел да биде епилогот во неговата ситуација.

Фото: Вест Хем/Официјална веб-страница