Нема крај: Бензема се повреди по осми пат оваа сезона!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема има кошмарна сезона затоа што често се соочува со повреди, односно досега се повреди дури осум пати.

Шпанските медиуми објавија дека Бензема пред два дена заработил нова повреда, и тоа во скочниот зглоб.

Напаѓачот на „кралевите“ нема да биде во конкуренција за натпреварот против Еспањол, но се очекува да настапи на реваншот од Лигата на шампиони (ЛШ) против Ливерпул.

Честите повреди на Бензема најверојатно ќе го натераат првиот човек на клубот, Флорентино Перез да ангажира нов голгетер следното лето, а на листата со желби се наоѓаат Килијан Мбапе од ПСЖ и Ерлинг Халанд од Манчестер сити.