Нема крај на главоболките: Нејмар повторно се повреди (Видео)


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар паузираше една година надвор од терените поради тешка повреда, но по неговото враќање повторно се соочува со проблеми.

Ѕвездата на Ал Хилал влезе како резерва во 58. минута од дуелот со Естеглал во азиската Лига на шампиони, но половина час подоцна се пожали на повреда.

Засега нема повеќе детали за повредата на Нејмар, односно медицинските прегледи треба да покажат дали го чека нова пауза.