Нема крај на проблемите: Уште една ѕвезда на Реал Мадрид се повреди


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид и по пет кола остана максимален во Лигата на шампиони (ЛШ), но победата од 4-2 против Наполи би можела да биде платена скапо.

Во завршницата на натпреварот се повреди бразилскиот репрезентативец Родриго и мораше да биде заменет во 87. минута.

Алармот во Мадрид се вклучи поради начинот на кој Родриго пријави дека е повреден, зашто чувствувал големи болки, по што мораше да биде заменет од Лукас Васкез.

Тренерот Карло Анчелоти веќе има проблеми со повредени играчи бидејќи не може да смета ниту на Куртоа, Винисиус Жуниор и други играчи.