Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Со години наназад, еден од моторите на играта на Милвоки Бакс, Демиен Лилард ја заврши сезоната поради сериозни здравствени проблеми кои го спречија да биде во тимот на франшизата од Висконсин во последните три натпревари во НБА лигата.
На триесет и четиригодишниот бек му беше дијагностицирана длабока венска тромбоза во мускулот на листот, а според новинарот на ЕСПН, Шамс Чаранија, искусниот американски бек нема да се врати на теренот во скоро време.
Како што се наведува, некогашниот кошаркар на Портланд Трејлблејзерс веќе започнал со терапии, бидејќи користи лекови за разредување на крвта, а со сличен проблем се соочува и асот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, кој исто така заврши сезонава во најсилната лига на светот.