Нема место во Лисабон: Ристовски во јануари ќе мора да бара нов тим!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во јануари ќе си бар анов тим затоа што во Спортинг Лисабон повеќе нема да добие шанса.

Тренерот Рубен Аморим од септември му прави проблеми на Ристовски, па го испрати да тренира и во Б-тимот, а македонскиот дефанзивец беше блиску до трансфер во Динамо Москва, но сепак остана во Лисабон.

Ни по неколку месеци Аморим не го промени мислењето за Македонецот, па поради тоа Ристовски во јануари ќе си замине од Спортинг, а тоа го објави и португалскиот весник „Рекорд“.

Ристовски мора да ја одржува неговата форма пред настапот на Европското првенство со Македонија идното лето, а добра вест за Македонецот е тоа што ќе може бесплатно да си замине од тимот во јануари затоа што спогодбено ќе се раскине договорот.