Нема место за секого: Вечерва се збогуваме со два гиганти


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Лајпциг и Аталанта синоќа станаа првите учесници во четврт-финалето на Лигата на шампионите, а вечерва ќе дознаеме уште две имиња кои ќе остварат пласман најдобрите осум европски екипи.

Вечерва ќе имаме можност да гледаме два дерби натпревари, поминување на две големи екипи, но и збогум на гиганти и ќе видиме кој на крајот ќе го напушти теренот со наведнати глави.

Натпреварот на „Енфилд“, каде актуелниот европски шампион Ливерпул ќе биде домаќин на мадридски Атлетико, сигурно привлекува најголемо внимание.

Гостите од Мадрид влегуваат во овој натпревар со огромна предност од првиот меч. Диего Симеоне го пронајде рецептот за нападите на „црвените“ во првиот натпревар и успеа да го добие натпреварот. Сепак, вечерва е пред голем предизвик за неговиот тим и ќе видиме дали Атлетико може да го елиминира европскиот шампион.

Потенцијални постави:

Ливерпул: Адријан, Александар-Арнолд, Гомез, ван Дајк, Робертсон; Хендерсон, Фабињо, Вијналдум, Салах, Фирмино, Мане

Атлетико: Облак; Трипиер, Хименез, Савиќ, Лоди; Кореа, Саул, Томас, Коке; Феликс, Мората.

Интересно ќе биде и во Париз, каде Борусија има предност од 2:1 од првиот меч против ПСЖ.

Парижаните се под голем притисок да ја освојат Лигата на шампионите, а тие би можеле да бидат значително ослабени вечерва, бидејќи настапот на Килијан Мбапе е голем прашалник поради болест.

ПСЖ: Навас; Керер, Тијаго Силва, Кимпембе, Курзава; Ди Марија, Гуе, Маркинос, Нејмар; Кавани, Мбапе

Дортмунд: Бурки; Пишчек, Хумелс, Загаду; Ашраф, Витсел, Чан, Гереиро; Санчо, Азар, Халанд.