ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Се чека само понудата и таа ќе биде околу 80 милиони фунти.
Луис Дијас со сите сили сака да замине од Ливерпул, а причината е парите. Колумбиецот е потценет, звучи просто неверојатно дека играч со неговите квалитети заработува малку повеќе од два милиони евра нето, јасно е дека со сите сили сака во Баварија.
Се споменуваше Барселона, но тие немаат пари, ниту, како што се зборува, Дијас беше сериозна опција. Но, сосема е поинаку со Баварците, кои останаа без Сане и го сакаат Колумбиецот. Дијас годинава постигна 17 голови во сите натпреварувања и беше важен дел на патот до титулата.
Откако пристигна од Порто, Јужноамериканецот одигра 148 натпревари за „Црвените“, постигна 41 гол и имаше 23 асистенции.
Ливерпул ги одбиваше понудите, се споменуваше сума од 100 милиони, но Баерн би можел да добие попуст. И околу 80 милиони фунти би претставувало профит во однос на тоа што платија на „Змејовите“, плус Дијас е незадоволен. Дури и ако англискиот шампион му ја зголеми платата, тоа не би било ни приближно на она што го нуди Баерн, повеќе од 10 милиони евра по сезона, пет пати повеќе од сегашните примања.
Дијас би станал третиот најплатен играч зад Кејн и Нојер. Баерн може да му ја понуди оваа плата бидејќи се ослободи од 22 милиони нето од Сане и Милер, јасно е дека ова е нивниот најголем адут.
Фото: Принтскрин