Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Кристијано Роналдо, 40-годишниот напаѓач, ќе го продолжи договорот со Ал Наср за уште две години, пренесува „Sportitalia“.
Португалскиот фудбалер му се придружи на саудискиот клуб во зима 2023 година по неуспешната епизода во Манчестер јунајтед.
Легендарниот напаѓач за Ал Наср одигра 98 натпревари во сите натпреварувања, постигна 88 гола и забележа 19 асистенции.
Во тековната сезона Роналдо настапи на 34 натпревари во сите натпреварувања, каде постигна 30 гола и забележа четири асистенции.
Неговиот сегашен договор важи до лето 2025 година, а порано се шпекулираше дека за новиот двогодишен ќе заработи дури 200 милиони евра.
Фото: Al Nassr/FB