Нема повеќе дилема: Враќањето на Зинедин Зидан е договорено


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фабрицио Романо повтори дека Зидан ги договорил сите услови со ФС Франција и дека усно практично сè е завршено, додека потписот ќе следи на лето.

Дидие Дешан ќе ја води Франција уште на Светското првенство 2026 година, со што ќе го заокружи својот неверојатен пат кој траеше цели 14 години.

Дешан ја презеде Франција во летото 2012 година, освои СП 2018 во Русија, загуби две големи финалиња, на Европското првенство 2016 од Португалија и на Светското првенство во Катар 2022 година.

Што се однесува до Зидан, ова ќе му биде првата работа откако го напушти Реал Мадрид, по вториот мандат.

Зидан го водеше Реал во два наврата, од јануари 2016 до летото 2018 и во тој период освои дури три Лиги на шампиони, а потоа се врати во март 2019 и остана на клупата до летото 2021 година, од кога е без работа.

Тој никогаш не криел дека селекторската позиција му е најголем сон, па во меѓувреме одбил многу клубови како што се – Јувентус, Манчестер Јунајтед и Челси.