Нема повеќе дилеми: Јуве добива службени три бода, Наполи заработи казна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководните луѓе на италијанската Серија А денес донесоа конечна одлука за неодиграниот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи, а тоа дефинитивно најмногу ќе им се допадне на членовите на „Старата дама“.

Натпреварот требаше да се одигра на 5-ти октомври, но Наполи не пристигна во Торино бидејќи имаше двајца играчи позитивни на Ковид 19.

Според правилата на Серија А натпреварот не се одложува доколку еден од тимовите нема 10 или повеќе позитивни играчи, но Наполи тврдеше дека му било забрането да патува од локалните здравствени власти.

Денес Лигата донесе конечна одлука и реши натпреварот да биде запишан со службена победа на Јувентус од 3:0.

Притоа, на Наполи ќе му биде одземен еден бод бидејќи ги прекршил правилата и протоколот на Серија А.