Нема повеќе дилеми: Рамос утре ќе стави потпис на договор со ПСЖ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, а се очекува утре да потпише договор со ПСЖ на две години, откако претходно ќе ги помине медицинските прегледи.

Долго време се шпекулираше за иднината на Рамос, но шпанскиот дефанзивец точно знае каде сака да игра следната сезона, а тоа е во екипата на францускиот вицепрвак.

ПСЖ тука нема да запре со засилувања бидејќи во следните денови треба да го промовира поранешниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, како и Ашраф Хакими од Интер.

Исто така, претседателот на парижаните, Насер Ал-Келаифи работи на нов договор со Килијан Мбапе, иако тоа нема да биде лесно, сепак тој сака да му ја продолжи соработката на францускиот напаѓач.