Нема шега со Лапорта – го избрка генералниот директор од Барселона!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона има долг поголем од милијарда евра, па поради тоа претседателот Жоан Лапорта бара начин како да го извлече тимот од финансиската криза, а во прилог им оди и новиот договор потпишан со Спотифај.

Новиот договор ќе му донесе околу 300 милиони евра за три сезони на каталонскиот гигант, а токму тој договор предизвика проблеми во каталонскиот гигант.

Лапорта се скарал со неговиот генерален директор и втор човек на тимот, Феран Реверте, кој најави дека ќе си замине од екипата затоа што сакал да му се посвети на семејството.

„Марка“ пишува дека вистинската причина е наводната караница меѓу Реверте и Лапорта за новиот договор со Спотифај за спонзорството на дресот, како и името на стадионот.