Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед ќе ја почне сезоната со нов тренер, но и нови правила кои најверојатно нема да им се допаднат на голем дел од фудбалерите.
Британските медиуми пишуваат дека Ерик Тен Хаг почнал да воведува мир во соблекувалната на „Олд Трафорд“.
Тен Хаг им забранил пиење алкохол на фудбалерите во текот на неделите, а притоа играчите мора да одат постојано на мерење, па кои нема да ги почитуваат правилата ќе добијат казни.
Но, тоа не е сè затоа што на фудбалерите им било наредено да ги отпуштат своите лични кувари и да ја јадат храната од клубот, а притоа ќе има казни и ако открива некој информации од соблекувалната.
Јунајтед во моментов е на турнеја, а досега составот на Тен Хаг славеше против Ливерпул, Мелбурн и Кристал Палас.