Нема среќа: Сантош му го раскина договорот на Робињо по – шест дена!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сантош му го раскина договорот на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо по само шест дена, откако договорија соработка против која протестираа клупските спонзори и навивачите, зашто 36-годишниот фудбалер во Италија беше осуден поради си*ување.

Судот во Милано во 2017 година го казни Робињо со деветгодишна затворска казна под обвинување дека во 2013 година учествувал во си*ување на жена.

Во официјалното соопштение на Сантош пишува дека со Робињо бил договорен раскин на договорот, за да може бразилскиот играч целосно да се посвети на својата одбрана во случајот пред италијанскиот судија.

Бразилските медиуми во петокот објавија запис кој италијанскиот суд го користел во случајот против Робињо, кој упорно тврди дека не е виновен за тоа што е осуден.

Сантош веќе загуби еден спонзор поради Робињо, а дури четири побарале да го раскинат договорот доколку бразилскиот тим не се ослободи од фудбалерот.