Нема трансфери, нема проблем: Челси има повеќе од 40 фудбалери на позајмица!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Челси пред неколку месеци беше казнет од Светската фудбалска федерација (ФИФА) поради кршење на правилата, па тие нема да можат да ангажираат фудбалери во наредните два преодни рока.

„Сините“ спасот ќе го бараат во фудбалерите, кои се испратени на позајмица во клубови ширум светот, а во моментов има дури 41 таков играч.

Пред почетокот на сезоната Челси реши многу фудбалери да испрати на позајмица за да добијат искуство и форма, па очигледно управата во моментов размислува, кои фудбалери да ги врати назад на „Стемфорд Бриџ“.

Голем дел од позајмените фудбалери сигурно ќе се вратат во Челси, па сигурно добар дел од нив ќе добијат шанса во првиот тим идната сезона.