Немаа на кого, удрија на најдобриот: Фановите на Арсенал го нападнаа Обамејанг (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Арсенал работите не се одвиваат баш најдобро, а лошите резултати предизвикаа и лоша атмосфера кај сите во клубот.

Незадоволството меѓу навивачите е огромно, а истото ќе биде уште поголемо доколку Гранит Џака не добие казна од раководството по неговиот испад.

По средбата со Кристал Палас, најдобриот играч на клубот, Пјер Емерик Обамејанг беше тој кој го „изеде стапот“ од навивачите. Имено,  се појави снимка како група навивачи го навредуваат најдобриот стрелец на клубот кога тој поминува со својот впечатлив автомобил.

„2 000 фунти годишно за да гледаме сра**? Одете е**те се.“ – му порача еден навивач на Обамејанг алудирајќи на цената која ја плаќаат за сезонски билети.