„Немам трема бидејќи сум роден под притисок“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот менаџер на Челси Антонио Конте ја одржа првата конференција за медиумите после доаѓањето на Стенфорд Бриџ.

Довчерашниот селектор на Италија истакна дека доаѓањето во Челси е голем чекор во неговата кариера и дека го радува предизвикот кој го очекува во Лондон.

„Да се биде менаџер на клуб како што е Челси е голема чест. Возбуден сум и среќен што ќе работам во нова средина.  Ова е голем чекор во мојата кариера.

Дојдов во Премиер лигата која ја сметам за најтешка лига на светот. Титулата во новата сезона може да ја освојат седум клуба“, рече Антонио Конте.

Конте порача и дека нема трема кога е во прашање работата во Англија, која сите ја сметаат за најсложена и најстресна на светот.

„Мене притисокот не ми претставува проблем, бидејќи јас сум роден под притисок. За мене е тоа нормално. Кога сте во голем клуб, тогаш и очекувањата се големи. Мораме да работиме секој ден со цел да имаме подобра сезона отколку во претходната. Челси заврши на десеттото место и тоа е лошо, но мораме да мислиме на сегашноста бидејќи тоа е веќе позади нас. Челси припаѓа во Лигата на шампионите и таму мораме да се вратиме“, рече италијанскиот стручнак кој поврди дека Џон Тери ќе остане капитен на Сините во наредната сезона.
За крај, Конте имаше порака за сите фудбалери на Челси.

„Можам им речам само дека работата е основа за успех. Ако сакаме постигнеме големи резултати, мораме да вложиме максимални напори. Работа, работа и само работа. Задоволен сум како помина запознавањето и мислам дека добро ќе се разбираме. Играчите знаат што барам од нив“.

Антонио Конте веќе го одржа првиот тренинг во новиот клуб, а наскоро следат бројни пријателски натпревари кои ќе бидат шанса за навивачите на Челси да дознаат каков стил на игра ќе форсира овој одличен тренер.