Немања Недовиќ пред потпис со Панатинаикос


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Немања Недовиќ, фантастичниот српски комбо бек, најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Грција.

Откако помина две сезони во Милан на Армани, каде неговиот последен период беше обележан со повреди, договорот на Недовиќ истече, а нема ни недостаток на клубови заинтересирани за услугите на овој експлозивен дефанзивец.

Се зборуваше многу за тоа дека Недовиќ ќе се врати во својот матичен клуб Црвена Звезда, но се чини дека на крајот нема да има ништо од тоа. Според Нова.рс, играчот на српската репрезентација е во напредна фаза на преговори со Панатинаикос и наскоро треба да стане член на познатиот грчки клуб, за што сè уште не е познато дали ќе игра во Евролигата.

Грците бараа одземање на лиценцата и заминување од лигата, но Евролигата се закани со големи санкции кои ќе го чинат грчкиот шампион повеќе да се повлече од ЕЛ, отколку да игра во него.