„Немаше да продолжам да играм за Аргентина, ако не го освоевме Мундијалот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси во декември го освои Светското првенство (СП) во Катар и така ја збогати својата колекција на трофеи.

Меси во Кина заигра против Австралија на пријателски меч и притоа постигна гол во победата од 2-0 на Аргентина, а потоа кажа дека ќе се повлечев од репрезентацијата ако не станел светски шампион.

„Треба да бидам искрен, ако не станевме светски шампиони, ќе се повлечев од репрезентацијата и немаше да играм за Аргентина. Сега, кога сме светски шампиони, не можев да се повлечам од националниот тим“, кажа Меси.