Немили сцени од Болоња: Навивач на Милан избоден со нож!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најмногу проблеми во Италија имаат со расизмот, но очигледно има и други работи кои мора да се решат, а тоа се инцидентите со физичко насилство.

По одличниот меч на стадионот „Ренато Дал’Ара“, во кој Милан славеше со 3-2 против Болоња, се случи пресметка во која најлошо поминал еден навивач на „росонерите“, кој бил избоден со нож.

Навивачот бил прободен во стомак и веднаш бил пренесен во локалната болница, а наводно ситуацијата е сериозна по неговиот живот.

Италијанските медиуми пишуваат дека караницата се појавила меѓу навивачите на Милан, откако фудбалерите ги фрлиле своите дресови во публика, по што навивачот бил избоден, откако не можеле да се договарат кој ќе го земе дрес.