Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ситуацијата во Барселона воопшто не е добра, затоа што екипата игра катастрофално во Ла Лига, а исто така често се шпекулира за иднината на Лионел Меси.
Меси е желба на неколку екипи, меѓу кои се Манчестер сити, ПСЖ и Интер, но Барселона сигурно нема толку лесно да се откаже од неговите услуги.
Сепак, „Диарио Гол“ утрово објави дека Меси нема добар однос со неколку соиграчи и дека воопшто со нив не комуницира. Наводно нив им смета тоа што тој не се однесува како вистински капитен и разговара само со оние со кои се познава подолго време.
Според информациите играчите кои се спротиставиле биле Тер Штеген, Рики Пуиг, Дембеле, Умитити и Жуниор Фирпо. Нив им пречело што Меси се уште не донел одлука за неговиот статус во Барселона и јавно го кажале тоа во соблекувалната, а на Аргентинецот тоа не му се допаднало.