Необична кариера по фудбалот: Се повлече на 30, а сега продава опрема за риболов!


ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Мексико, Нери Кастилјо, кој во 2014 година се повлече од фудбалот на 30-годишна возраст, има необична кариера.

Кастилјо тврди дека е посреќен од било кога, а почнал и свој приватен бизнис во Атина, каде што живее со семејството.

„Во моментов се занимавам со продажба на риболовна опрема во Атина. Животот ми е подобар од било кога. Заминав на 30 години од фудбалот затоа што не бев среќен. Решив да му се посветам на бизнисот. Едноставно повеќе не ме интересираше фудбалот. Имав различни понуди, но јас знаев каде е мојата иднина“, вели тој.