Необична ситуација: Судијка му судеше на сопругот во Прва лига!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Викендов се одиграа натпреварите од второто коло во македонската Прва лига, но притоа се случи ситуација каква што не е забележана досега.

Судијката Ирена Величковска беше четврти судија на дуелот помеѓу Брера Струмица и Воска Спорт. Оваа ситуација немаше да привлече посебно внимание ако нејзиниот сопруг, Александар Ристевски не настапуваше во тимот на Брера, објави порталот „Штипски Асови“.

„Судиската четворка не направи ниту една грешка во Струмица. Судеше објективно и професионално. На теренот нема пријателство, мора да се суди по правилата на фудбалската игра. На стартот на сезоната Брера оствари две победи. Среќен сум што играм за овој тим“, изјави Ристевски за „Штипски Асови“.

Брера славеше во мечот против Воска со 2-0, а тоа беше втора победа за струмичката екипа, откако таа победи и во првото коло против Вардар со 1-0.

Фото: Брера Струмица