Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Сити се наоѓа во голема резултатска криза бидејќи се во серија од дури седум натпревари без победа, а од нив имаат четири последователни порази во Премиерлигата. Пеп Гвардиола не доживеал вакво нешто во својата тренерска кариера поради што одлучи да направи неочекуван потег.
„Граѓаните“ изминатиот викенд во големото дерби беа поразени на „Енфилд“ од Ливерпул (0-2) со што продолжи агонијата на актуелниот првак на Англија.
Манчестер Сити е во серија од дури четири последователни порази во првенството што во кариерата на Пеп Гвардиола не се случувало, а исто така англискиот клуб не знае за победа веќе седум натпревари по ред.
Големата резултатска криза многу го потресе Манчестер Сити, а особено Гвардиола кој со тоа досега во својата тренерска кариера не се соочувал.
Гвардиола само пред десетина дена го продолжи договорот со Сити до летото 2027 година, но сигурно дека не претпоставуваше дека неговиот тим ќе се најде во ваква криза.
Англиските медиуми пишуваат дека Гвардиола поради тоа одлучи да преземе се што може за да ја реши ситуацијата што го снајде неговиот тим, а и него самиот.
Објавено е дека Гвардиола целосно се „исклучил“ во изминатите денови и дека најголем дел од времето го поминува во својата канцеларија и на тренинзите на Манчестер Сити.
Шпанскиот експерт го исклучи и мобилниот телефон и не сака да се јавува на никого, и е максимално фокусиран што побрзо да го извлече Манчестер Сити од резултатската криза.