Неочекуван потег на Перез – носи замена за Крос од Премиерлигата?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Реал Мадрид бара нови засилувања, а претседателот Флорентино Перез веќе е во акција и преговара за дел од фудбалерите кои сака да ги види во „кралскиот“ дрес.

Клубот го напуштија Хоселу, Тони Крос, Начо, а наскоро и Кепа Аризабалага, но главното прашање кое се поставува е кој ќе биде замената за Германецот.

Крос беше „моторот“ на екипата со години и сега Перез сака да ангажира негова замена, а во медиумите се појавија шпекулации дека Реал Мадрид би можел да купи фудбалер од Премиерлигата.

Главна желба на Перез наводно бил Бруно Гимараеш од Њукасл, меѓутоа проблем е сумата за трансфер која ја бара премиерлигашот, па во следниот период ќе се обиде да ја намали.