Неочекуван потег: Несторовски се враќа во Хрватска!? (ФОТО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Вчера беше објавено дека Палермо, екипата во која настапуваат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, е исфрлена во Серија Ц, но очигледно нашите фудбалери нема уште долго да останат во тимот.

Несторовски се поврзува со неколку италијански прволигаши, па му се предвдува голем трансфер на лето, но на социјалните мрежи се појави една интересна информација.

На една група се појави порака, во која прашуваат дали Хајдук од Сплит конечно ќе ја поправи грешката  и ќе го ангажира Несторовски.

Да потсетиме, Несторовски во минатото настапуваше во Интер Запрешиќ, а никогаш не направи трансфер во Хајдук, но во секој случај тешко може да се поверува дека хрватската екипа ќе ја победи помоќната конкуренција од Италија за потписот на македонскиот напаѓач.