Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Менаџерот на Вотфорд, Најџел Пирсон доби неочекуван отказ откако неговиот тим загуби во директната пресметка за опстанок со тимот на Вест Хем.
56 годишниот Пирсон буквално го изваде од калта тимот на Вотфорд кој беше прежален уште на полусезона и успеа да го втурне тимот во сериозна борба за опстанок, за сега истиот да добие отказ на едно коло до крајот на шампионатот.
Вотфорд во моментов се наоѓа на засега безбедната 17. позиција, три бода над зоната за испаѓање.
До крајот на шампионатот имаат натпревари со Манчестер Сити и Арсенал, а од клупата ќе бидат водени од Хејден Малинс.