Неочекуван повик за Дембеле: Французинот добив нов тим, но и жестока конкуренција


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Осман Дембеле повеќе нема да го носи дресот на Барселона, затоа што не сакаше да ја продолжи соработката со каталонскиот гигант.

Договорот на Дембеле со Каталонците завршува на крајот на сезоната, а англиските медиуми пишуваат дека заинтересиран за неговите услуги е Челси, затоа што Томас Тухел и претходно го тренираше францускиот фудбалер.

Тухел на располагање веќе има голем број фудбалери кои би му биле конкуренција на Дембеле, а тоа се Лукаку, Вернер, Пулишиќ, Зијех, Маунт, Хаверц и Хадсон, Одои, па сега одлуката е на Французинот.

Дембеле сезонава одигра 11 натпревари за Барселона, а притоа постигна само еден гол и две асистенции.