Неочекуван расплет во Реал: Рудигер му соопшти на Перез дека заминува, а веќе се знае и каде!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Антонио Рудигер игра одлично во Реал Мадрид откако пред две години пристигна од Челси. Овој Германец навивачите го гледаат во кралскиот клуб уште неколку години, но сега непријатно ги изненади веста дека Рудигер планира заминување и дека веќе се знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Рудигер пристигна во Реал Мадрид летото 2022 година како слободен играч откако му истече договорот на „Стемфорд Бриџ“.

Во Челси направија сè за да го задржат германскиот дефанзивец во својот тим, но повикот од Мадрид едноставно не можеше да го одбие.

Шпанскиот портал „Релево“ објави дека Рудигер веќе некое време е на мета на клубови од Саудиска Арабија и дека играњето во таа земја му е многу привлечно, и дека дури има план таму да ја заврши својата играчка кариера.

.