Неочекувана исповед: Поранешен фудбалер на Јунајтед продавал дрога!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Патрис Евра беше еден од најдобрите леви бекови во светот, а неговите настапи во дресот на премиерлигашот и француската репрезентација ги воодушевија сите.

Евра, сепак, имал тешко детство во Сенегал, по што морал да продава дури и дрога за да преживее, а тоа го откри во една емисија на „Би-Би-Си“.

„Три работи правев пред да станам фудбалер. Две се точни, а една е лажна. Продавав дрога, барав храна пред маркет и работев во продавница за телевизори“, кажа Евра.

Публиката се обиде да погоди, по што гаѓаа што е лага, а што е вистина, а потоа Евра ги изненади.

„Никогаш не сум продавал телевизори во животот. Другите две се точни. Имав 13 години и морав да се молам за храна. Сепак, фудбалот ми го спаси животот“, кажа Евра и ги изненади присутните.