Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл има намера и следната сезона да игра во Реал Мадрид, иако многумина сметаа дека ќе се пензионира по крајот на Европското првенство (ЕП) и ќе му се посвети на голфот.
Бејл игра солидно на ЕП во дресот на Велс, а во меѓувреме Карло Анчелоти седна на кормилото на Реал, па се шпекулира дека тој е подготвен да му даде шанса на искусниот фудбалер.
Тие двајца соработуваат во 2013 година во Мадрид, а Бејл го пофали новиот тренер на „кралевите“ и се надева на шанса во неговата екипа.
„Можам да кажам дека имав одличен однос со него. Анчелоти е одличен тренер и ќе постигне многу добри работи за Реал“, кажа Бејл.
Засега уште ништо не е официјално, но очигледно репрезентативецот на Велс ќе остане барем уште една сезона во шпанскиот гигант.