Неочекувано: Ѓорческа доби еден сет, па ги загуби следните два со по 0-6!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз на ИТФ-турнирот во Прага од Ане Минтеги дел Олмо со 1-2 во сетови, односно 6-3, 0-6 и 0-6.

Македонката играше многу добро во првиот сет, кој ѝ припадна со 6-3, но потоа Ѓорческа никако не успеа да влезе во ритам и да освои гем.

Ѓорческа ги загуби вториот и третиот сет со по 0-6 и така запиша неочекуван пораз на турнирот во Прага.

Македонската тенисерка продолжува со настапите на турнирот бидејќи треба да игра и во двојки заедно со Деа Херделаж.