Неодамна играше со скинати копачки, а сега ќе биде платен 100 милиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англија наскоро ќе го добие својот најскап фудбалер во историјата, а многумина се сигурно во тој епилог. Тој неодамна играше со скинати копачки, а сега ќе биде платен 100 милиони фунти.

Медиумите пишуваат дека е прашање на време кога Џек Грилиш ќе се пресели од Астон вила во Манчестер сити за 100 милиони фунти.

Нема сомнеж дека Грилиш ќе биде тажен што ја напушта Астон вила затоа што станува збор за неговиот матичен клуб.

Меѓутоа, одличниот фудбалер ќе може својот целосен потенцијал да го искористи во екипата под водство на Пеп Гвардиола.

Навивачите на Астон вила ќе се сеќаваат на Грилиш по многу негови настапи, како и голот во градското дерби против Бирмингем откако го удри еден навивач.

На крајот на 2018/19 го однесе својот тим во Премиерлигата, иако играше со скинати копачки во текот на сите 90 минути против Дерби каунти.