Непријатни вести од Шпанија- Познатиот Маноло принуден да го продаде својот тапан: Немам за леб…


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најпознатиот шпански навивач кој беше присутен и во Скопје кога Шпанија гостуваше на нашата репрезентација, Маноло е принуден да го продаде својот познат тапан за да има што да јаде.

Маноло со репрезентацијата на Шпанија го обиколи половина свет и стана препознатлив по шеширот и тапанот.

Сепак, 71 годишниот Маноло, по пандемијата со коронавирусот е во тешка финансиска ситуација и призна дека ќе мора да го продаде својот познат „бомбо“ за да има што да јаде.

„Ќе мора да го продадам „бомбо“ за да имам што да јадам. Секогаш велев дека нема да го продадам, многу пати ми нуделе пари или сакаа да го дадам на аукција. Сега навистина не знам што да правам“ –изјави Маноло кој е сопственик на кафетерија во Шпанија кој не работи веќе два месеци, а неговата пензија е дополнително намалена, па сега нема излез од финансиската криза.

„Изгубив доста пари. Не можам да ја отворам кафетеријата и немам никаков промет. Од пензијата која е 800 евра, 420 евра давам за кирија. Немам каде да се обратам за помош“ –изјави Маноло.