Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Често се случуваат тешки повреди во спортот, а една таква беше забележана вчера на еден натпревар во гимнастика.
Саманта Черио ќе дипломира наскоро на универзитет во Алабама. Таа во еден од своите последни настапи тешко се повреди и објави крај на кариерата.
„Ова беше мојот последен настап, по 18 години ја напуштам гимнастиката, која ме направи подобра личност. Ме научи на напорна работа, поврзаност и посветеност“, објави американската гимнастичарка.
Во еден од последните настапи таа лошо доскокна и ги скрши двете нозе, а најверојатно ги изместила и двете колена.
Таа плачеше на цел гласа, а видеото во продолжение дефинитивно не е за луѓе со слаб стомак.