Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американецот Ештон Итон го одбрани златниот медал во десеттобој на Олимписките игри во Рио.
Итон заврши како прв во генералниот пласман, со вкупно 8.893 поени.
Тој стана дури трет натпреварувач во историјата кој два пати по ред го освојува златото во најбараната атлетска дисциплина, а воедно го израмни олимпискиот рекорд.
Во неговата колекција се наоѓаат и две титули на СП.
Среброто припадна на Кевин Мајер од Франција, а бронзата на Канаѓанедот Демијен Ворнер.