Несекојдневна ситуација: Фудбалер доживеа тешка повреда, па со такси го однесоа во болница! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марио Куелар, дефанзивецот на Ориен Петролеро од Боливија, доживеа тешка повреда на зглобот на левата нога на мечот против Габрија.

Меѓутоа, медицинскиот персонал на клубот од најсилниот ранг на боливискиот фудбал имаше тешка задача да го транспортира 30-годишниот фудбалер до болница.

Кулер наместо до возило на итната помош, тој морал да биде пренесен до најблиската болница и тоа со такси, по што му била дадена медицинска помош.

Не е јасно како судијата воопшто дозволил одигрување на натпреварот на Ориен Петролеро со оглед на тоа дека на стадионот немало ангажирано возило на итната помош, па со тоа ризикувал некој да настрада посериозно и да не може да се пренесе до болница.