Нешто што никој не очекуваше: Халанд застана пред камерите и откри голема „тајна“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ерлинг Халанд го постигна единствениот гол на натпреварот против Брентфорд во деветтата минута од средбата и така и донесе три бода на својот тим.

Халанд налета на топката која ја додаде Јошко Гвардиол, и го совлада Келехер, обезбедувајќи победа за својот тим.

Ова беше дванаесеттиот гол на Халанд оваа сезона во сите натпреварувања, продолжувајќи го својот пат кон титулата најдобар стрелец во Премиерлигата.

Тимот на Манчестер сити сега се наоѓа на петтото место на табелата во лигата со три бода помалку од лидерот, тимот на Arsenal.

По натпреварот, Халанд во интервју за „Скај Спортс“ зборуваше за своите игри, но и за настапите на Manchester City, при што издвои една личност заслужна за неговите добри игри.

„Никогаш во животот не сум се чувствувал вака добро, така што може да се каже дека сум во најдобра форма во животот.”

„Тоа што прави разлика пред сè е подготовката. Начинот на кој се подготвувам за натпреварите, зборував многу пати за тоа.”

„Можеш да бидеш физички подготвен, но мораш да бидеш и психички подготвен за натпреварот. Да бидам искрен, мислам дека откако добив дете сум уште подобар, бидејќи повеќе се исклучувам отколку некогаш порано.”

„Не размислувам многу за фудбалот кога сум дома, а тоа не го правев порано туку се грижев за некои мали нешта. Кога одам дома, многу повеќе се одмарам, така што мојот син е ‘виновен’ за сето ова”, рече Haaland.