Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, минатата недела во Атина ја освои својата 101. титула во кариерата и се искачи на четвртото место на АТП листата.
Ѓоковиќ ќе ја заврши годината меѓу четворицата најдобри тенисери на планетата, што е доволен показател дека 38-годишникот сè уште му припаѓа само на самиот врв на светскиот тенис.
За Србинот, пласманот меѓу четворицата најдобри на планетата му донесе рушење на уште еден рекорд. Имено, Ѓоковиќ со неверојатни 808 недели во ТОП 4 во светот е тенисерот кој го успеал тоа најдолго.
Тоа што потврдува дека Ѓоковиќ е без конкуренција најдобриот играч во историјата е податокот дека Новак најдолго бил првиот на светот, како и меѓу двојцата и тројцата најдобри.
Ѓоковиќ помина 428 недели на првото место, 599 во ТОП 2, а 756 во ТОП 3 на планетата.
















