Неславно враќање на Мурињо на Олд Трафорд: Рашфорд го сруши Тотенхем


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа на свој терен го поразија Тотенхем со 2:1 во дербито од 15. коло на англиската Премиер Лига.

Натпреварот на Олд Трафорд синоќа беше во центарот на вниманието откако после цела година на овој стадион се врати Жозе Мурињо, но овој пат како тренер на Тотенхем.

Меѓутоа, Мурињо нема по добро да го памети овој натпревар бидејќи Јунајтед успеа да слави со победа од 2:1 и така да дојде до три бодови. Црвените Ѓаволи одлично го отворија натпреварот и дојдоа во водство во шестата минута кога мрежата на гостите ја затресе Маркус Рашфорд.

Рашфорд беше многу расположен за игра бидејќи десет минути подоцна после одличната акција ја затресе пречката. Јунајтед имаше уште неколку добри прилики но резултатот остана 1:0.

Потоа пристигна и казната за промашувањето. Тоа се случи во 39. минута кога Деле Али постигна фантастичен погодок за 1:1 и им ја врати надежта на Тотенхем дека можат да дојдат до три бода.

Но, на самиот почеток на вториот дел Јунајтед повторно стигна до водство. Неверојатната глупост ја направи Сисоко кој го сруши Рашфорд и направи пенал, а напаѓачот на Јунајтед го искористи тоа и со својот втор погодок успеа да го смени резултатот во 2:1.

До крајот на натпреварот двата тимови имаа уште неколку добри прилики, но резултатот остана ист. Јунајтед моментално е шести на табелата и сега има 21 бод, додека Тотенхем е на осмото место со еден бод помалку.