Несреќниот Мегваер со автогол ја спаси Севилја од пораз (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед вечерва одигра 2-2 против Севилја во првиот четвртфинален меч во Лига Европа, додека Јувентус славеше на домашен терен против Спортинг Лисабон со 1-0.

„Црвените ѓаволи“ блескаа во првиот дел и два гола постигна Марсел Сабицер, но во второто полувреме премиерлигашот се распадна.

Најпрво Хесус Навас во 85. минута погоди за 1-2, а потоа Хари Мегваер стана вистински трагичар со автогол за 2-2.

Јувентус славеше со 1-0 против Спортинг Лисабон, а голот го постигна Гати.